Владата на Заев продолжува да ги омаловажува историјата на Македонија и историските датуми значајни за македонскиот народ. Денес на одбележувањето на 149 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев во име на владата на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас цвеќе положи заменик министер за локална самоуправа.

Тоа покажува каков понижувачки однос има владата на Заев кон ликот и делото на Гоце Делчев.

Во време кога се негира македонската историја и значењето на Делчев за македонската држава и македонската историја, владата наместо да испрати највисока делегација, овој ден го одбележува со испраќање на заменик министер за локална самоуправа.

Тоа само покажува дека нема ништо свето за оваа власт на Заев.

Да потсетиме дека високи државни функционери од СДСМ веќе го прогласија Гоце Делчев за Бугарин, Заев самиот изјави дека македонскиот апостол не се борел само за Македонија, за сега во ваков чувствителен момент да не го одбележат достојно денот на неговото раѓање.

Македонија ја води анационална власт, која освен со државните и национални интереси тргува и ја погазува македонската историја.

Реакција на недостоинственото одбележување од страна на Владата на 4-ти Февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ