Претседателот Стево Пендаровски кој денеска е во посета на Софија за македонските медиуми изјави дека му кажал на Румен Радев дека немало да оди во Бугарија ако го повикале да разговата за Цар Самоил.

– Му реков претседателе да ме викневте во Софија за да разговараме за цар Самоил, немаше да дојдам никогаш. Бидејќи ме викате за ваква тема која е тема на 21-от век, а не на 10-ти, 15-ти или 19-ти век, доаѓам и ќе доаѓам секогаш. 24 часа сум на располагање и јас и Владата за да разговараме за теми поради кои не избрале граѓаните, рекол Пендаровски.

Тој беше поканет во Софија да присуствува на пуштањето во употреба на гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија.

Пендаровски додаде дека „сака да се вратат на тоа што беше пред минимум две години, односно чистата европска агенда и критериуми за влез во ЕУ“.

-Не сакаме да разговараме за историја или историјата да доминира што треба да правиме што сме бирани во овие години. Мислам дека има разбирање во таа смисла во Софија, но останува да видиме дали утре после изборите ќе има политичка Влада. Знаете дека техничките влади имаат лимитиран капацитет и надлежности, порача претседателот во изјава за македонските медиуми.