Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 11-годишнината од формирањето на Бугарскиот културен клуб, под мотото„Заедно сме посилни“.
Двете земји, како што истакна тој, ги зближува една мисла, а тоа е да направиме се што може Балканот да го однесеме во Европа, или Европа да ја донесеме на Блаканот и конечно од тука да не доаѓаат лоши вести туку само позитивни.
-Ми дадовте политичка поддршка која ретко се случува, вие не се дистанциравте и дадовте поддршка на најдобрата опција за иднината на РС Македонија. Претходно постоеја гарнитури кои во вас гледаа непријатели, таквиот однос не смее да се повтори, бидејќи тоа беше срам и не се европски вредности. Границата по договорот со Бугарија е европска граница, рече Пендаровски.
Македонско-Бугарската комисија, посочи за кратко време ќе даде исход и тоа нема да носи делби туку ќе затвори историски контроверзи врз основа на историски факти и аргументи.
-Во последните две година има нов дух на соработка, меѓу двете држави. Ако ја добијам довербата така и ќе остане, упорно, достојно ќе работам на унапредување на билатералните односи меѓу РС Македонија и Бугарија, рече кандидатот за претседател, поддржан од граѓаните и од 30 политичка партија од сите заедници.