На 11-ти овој месец во СВР Куманово 38-годишна жена пријавила дека од училиштето каде учи нејзината малолетна ќерка била известена дека ученик во училиштето споделува компромитирачки фотографии од нејзината ќерка.

Се работи на расчистување на случајот.

Во ПС-Центар од страна на Национална установа-Театар Комедија на 11 април пријавено е кражба на гасен пиштол, револвер и електрошок, што се употребувале во претстави.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 12:34 часот Б.С (18) од Куманово, пријавил дека околу 11:50 ч. во близина на плоштад Скендербег две лица со закана му одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Ноќеска во 3:00 часот по полноќ  Л.Н.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ непознат сторител со употреба на сила и одзел чанта во која имало пари и картички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа околу 18 часот З.М. (63) од Скопје пријавил дека на паркингот до плоштад „Скендер бег“ бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.