Педесет и девет годишниот гостиварчанец И.А. вчера бил повреден во тетовската касарна Еребино, соопшти МВР.

Како што е наведено во соопштението, вчера во 14 часот во полициската станица во Тетово било пријавено дека во воениот објект касарна Еребино, околу 11 часот И.А (59) од Гостивар, вработен во АРМ, одговорен на Одделот за уништување на муниција и експлозивни средства се здобил со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, додека И.А. заедно со Б.З. и В.Џ., вработени во АРМ, постапувале при деактивирање на инфлатори, И.А. се здобил со тешка телесна повреда-фрактура и бил пренесен во болницата во Тетово, а од таму во Ургентен центар- Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот.