ДУИ својата кампања во рамките на претседателските избори денеска ја одржа во Кичево, каде преседателот на општинскиот штаб, Урим Ахмети во своето обраќање рече дека со дадениот глас за консензуалниот кандидат ќе се каже стоп на враќањето назад на евроинтегративните процеси и членството во НАТО и ЕУ и со ова ќе победи консензуалноста како концепт на создавање на албанската политика.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Кичево посочи дека поддршката за заедничкиот консензуален кандидат не оди само во поддршка на граѓаните Албанци, туку на сите граѓани, а пред се во корист на самата држава, затоа што ова држава има иднина само со добра и транспарентна иднина помеѓу двете партии кои имаат легитимитет.

-Не треба да ги замориме луѓето со патриотизми без поткрепа, помина тоа време, сега е времето на материјализам, времето на инсталирање на вредности, владеењето на правото, реформи во судството, напредна економија, квалитетно здравство и образование и подобри услуги, поспремна јавна и државна администрација, бидејќи само вака се оди во Европа. Не се спречува миграцијата и амбициите за подобра иднина ако се занимаваме со празни фрази, со патриотизам на кој веќе му помина времето. Ако сакаме да живееме и да работиме во ова земја, да ги инсталираме и да работиме на овие вредности бидејќи Европа е пред нашата врата, рече меѓу другото Ахмети.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека му даваат предност на новиот концепт што го инсталира ДУИ и лидерот Ахмети и врз база на овој концепт, како што рече, функционираа и ЕУ и НАТО.

-Токму поради тоа ние ја прифативме идејата за концензуалност и ја поддржуваме, рече Бектеши.

Вицепремиерот Бујар Османи нагласи дека ДУИ е модерна политичка партија, која поминала успешно неколку препреки.

-Ние како такви сме убедени и во овој модерен концепт што го промовираме и дека заедничкото одлучување е во основа како концензуалност меѓу две големи семејства, рече Османи.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, кој се фокусираше со контра одговорот кон Зиадин Села, кому му порача дека „не се во политички пубертет и нема да го излажат народот со невозможни мисии. Затоа те повикувам да ни се приклучиш на овој наш пат кој ние заеднички го примовораме, истакна меѓу другото Дехари.