Претседателот Стево Пендаровски синоќа истакна дека може да се случи соседна Албанија да се одвои од Македонија на патот кон Европската Унија.

-Ме плаши тоа што на клучните крстосници не можеме да постигнеме внатрешен национален конзенсуз. Можеме за се да спориме, но за националните интереси не би требало, рече Пендаровски во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Според него, во 2019 година есента е измислено барањето за нова методологија и било јасно дека нема да добиеме зелено светло.

-На барање на неколку политички партии свикавме состанок на кои рековме да ги реафирмираме нашите заложби за членство на ЕУ. Што и да се случува ние сме за ЕУ. Дебатата траеше помалку од еден час. Имавме мошне конструктивен состанок. Никој немаше никаков проблем, се додека заминат дома и потоа да почнат обвинувањата, порача Пендаровски.

Пендаровски, меѓудругото, кажа и дека до крајот на месецот ќе биде свикан Советот за безбедност, најавувајќи кои ќе бидат темите.

-Имаме среќа и поволна околност и што сме членки на НАТО и ги добиваме брифинзите од советот за безбедност на ЕУ. Советот за безбедност секако ќе биде свикан во следните 7-10 дена, прво да се усогласат агендите на првите луѓе во Владата, затоа што тие мора да бидат присутни таму. Покрај војната Изараел – Хамас, северот на Косово ќе биде тема, Украина ќе биде тема. Сакаме уште војници да однесеме во Косово, најави Пендаровски.