Шефот на државата Стево Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред се поради двата проценти праг наменети за независни кандидати на престојните локални избори, кои треба да се одржат на 17 октомври. Потпис Пендаровски ставил на Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство, кој вчера со 57 гласови „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“ беше усвоен во Собранието.
Advertisements

Предложените измени на Изборниот законик би го добиле потписот на шефот на државата само доколку во однос на прагот за независните кандидати се постигне поширок консензус меѓу партиите.

На брифинг со новинарите денеска кај шефот на државата беше посочено и дека е непримерно за толку кусо време пред изборите да се менува Изборниот законик, што не е согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, тоа да не се прави шест месеци пред избори.