Претседателот Стево Пендаровски не планира да се кандидира за нов мандат. Пендаровски на денешниот настан отворен форум за антикорупција на кој се дискутираше за мерките и политиките кои се преземаат и треба да се преземаат во борбата против корупцијата одговорајќи на новинарско прашање без да наведе зошто, само кратко одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година.
Интересно е што Пендаровски за прв пат најавува дека нема да се трка за втор мандат и тоа ден откако неговиот главен противкандидат Оливер Спасовски на прес конференција објави дека е расчистено двојното убиство на Вања и Панче.
Сепак, веројатно и Пендаровски не е сигурен дали ќе трча за втор мандат, а оние кои што следат политика знаат дека за тоа ќе има шанси само ако биде поддржан од коалицијата на СДСМ и ДУИ. Какво е расположението таму, се уште не може да се добие прецизен впечаток, а партијата се уште не излегува со информации.
Политичките лидери во понеделникот на лидерска во Собранието се договорија парламентарните избори да се одржат во ист термин со вториот круг од претседателските на 8ми мај.
Пендаровски е петти претседател на Македонија од 12 мај 2019 година, кој моментално е на функција. Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар, воедно бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски.
Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии и го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.