Заедно со СДСМ во изминатите седум години ја водевме земјава по вистинскиот пат, направивме крупни работи што ниту една политичка генерација не ги направила од осамостојувањето до денес. Првата крупна работа е тоа што пред четири години влеговме во најмоќната воена организација во историјата на човештвото, НАТО, со тоа добиме тапија за територијалниот интегритет и суверенитет на државата и секој нејзин граѓанин. Тоа го направивме, а воопшто не беше лесно, но не мислевме на нашиот политички рејтинг, туку мислевме на иднината и на овие млади деца кои се повеќе ни заминуваат во светот, зашто овде не добиваат пристојна шанса за кариера. Ако се обидевме да калкулираме и да се грижиме како претходната политичка гарнитура, само за рејтингот, и им постираме само розови слики на луѓето, сеуште ќе бевме најизолирана држава, не само на Балканот, туку и во Европа, рече вечерва на митингот во Крива Паланка кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски.

Пендаровски дека втора крупна работа е почнувањето на преговорите за членство во ЕУ, што се постигнало со договорите со соседите.

-Нема друг начин да влезете во развиениот свет отколку да се договорите со првите комшии, па после да размислувате за интеграција во пошироките организации. Но во моментот кога ја одржавме првата конференција и мислевме дек ја ставивме Македонија на „брзата пруга“ и по ова прашање, за жал, освен опструкциите кои ги очекувавме од нашито источен сосед,  неочекувано, доживеавме опшструкции од политичката опозиција, олицетворена во најголемата политичка опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ, кои од свои мотиви, од свои причини, се однесуваа кон европскиот пат на Македонија, како Република Бугарија. Ја попречуваа и сеуште ја попречуваат земјава да напредува. Затоа, на 24 април почитувани, имате прилика на таквите политички структури да им кажеме- не благодарам. Затоа што само оваа политичка гарнитура која владееше досега, во изминативе 7 години, гарантира дека ќе продолжиме кон Европа, а не да се враќаме кон минатото опкружено со конфликти, тензии, понижување на нашите граѓани, време кога само една фамилија и само една политичка партија просперираше, а сите други беа граѓани од втор ред, рече Пендаровски.

Немојте воопшто да се размислувате на 24-ти дали да им дадете доверба на тие луѓе кои се истите оние кои знаеме како 11 години живееја на грбот на народот,а како сите ние кои не бевме членови на таа партија, трпевме, рече тој, посочувајќи дека истите тие луѓе влегоа со толпата насилници во собранието на 27 април, а и нивниот претседател на паритјата заедно со нив.

-Не им верувајте, тие луѓе имаат една единствена цел, да дојдат на власт и да останат што е можно подолго, независно од тоа што мислат македонскиот народ и македонските граѓани. Во наредните 4 и 5 години ако ни ја дадете вашата доверба државата ќе продолжи сигурно на курсот кон Европа и ако нема дополнителни опструкции од опозицијата, можно е за 4 години да ги завршиме преговорите со ЕУ и да тргнеме многу побрзо напред, порача Пендаровски.