Во Љубљана имав можност да го запознам, Зоран Предин основачот на еден од најзначајните рок бендови од поранешната СФРЈ, „Лачни Франц“, кој и ден денеска е исклучително активен не само Словенија туку и во целиот регион, изјави денеска Стево Пендаровски.
Тој со восхит пишува во својот статус на Фејсбук за пејачот и рок бендот.
– Особена чест ми беше тоа што добив негов автограм на првата лонгплејка на „Лачни Франц“ насловена Икебана од 1981 година, а искористив можност да му го подарам вториот албум се разбира во форма на плоча од нашите легендарни „Леб и Сол“. Постои можност во октомври оваа година, Предин да гостува во С. Македонија и тоа ќе биде одлична можност за повторна дружба. Исто така се сретнав и со легендата на словенечката и југословенската кошарка. На 81 година поранешниот кошаркарски играч и тренер Иво Данеу уште инспирира со својот спортски дух и ентузијазам. Пријатна средба за време на мојот престој во Словенија, објави Пендаровски на Фејсбук.