Претседателот Пендаровски денеска преку својот Фејсбук профил испрати честитки по повод денот на независноста на САД.

Тој воедно ја искористи приликата да порача дека РМ во САД гледа, пријател, сојузник и стратешки партнер.

-Со желби за благосостојба и просперитет, на претседателот Џо Бајден и на пријателскиот американски народ им го честитам 4-јули – Денот на независноста. Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер којшто секогаш ја поддржувал нашата демократија, напиша претседателот.