Сите кои сме биле или сме сега на власт да му се извиниме на македонскиот народ, вели претседателот Стево Пендаровски.
Тој за неговата изјава дадена во Нови Сад дека „и тој би се иселил ако не бил претседател“, вели дека не зборувал ниту за ВМРO-ДПМНЕ, ниту за СДСМ, туку дека зборувал за изгубените европерспективи.
Пендаровски вели дека кога сега би бил млад, не би го потрошил животот во чекање. И додава дека „сите имаат одговорност за иселувањето“.
Пендаровски смета дека сите мора да направат заедничка стратегија со цел да ги мининизираат штетите и дополнува „дека можеби требало тоа да го каже со поблаг речник“.