Претседателот на Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, им го честита Илинден, најголемиот национален празник на Македонците, со безлична честитка во која не се спомнува ни Македонија, ни македонски.

– Нека ни е вековита слободата, независноста и сувереноста! За многу години Илинден!- напиша во честитката Пендаровски, која ја емитува преку неговиот официјален профил на Твитер.

Важно е дека во неговата честитка стои неговото име и презиме, а може без името и придавките на државата на чие чело е и која денеска го слави Илинден, празник за кој се жртвувале илјадници Македонци за слободна Македонија.