Претседателот Стево Пендаровски за в понеделник свикал седница на Советот за национална безбедност со стандардниот состав ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата, на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот и  мерките што стојат на располагање.

Тој на денешната прес конференција повика лидерите на партиите во наредните денови да ги преиспитаат ставовите за неодложување на изборите и водење кампања преку социјалните мрежи, затоа што, според него, спорен е и самиот изборен ден кој треба да се организира во вакви услови. На парламаентарните избори, рече Пендаровски, во просек гласаат над еден милион граѓани, а во нивната организација учествува 30-илјадна администрација.

Пендаровски ги повика лидерите на партиите да се наравратат на ова прашање во наредните пет до 10 дена.

-Лидерите на партиите во наредните пет до десет дена повторно да се навратат на ова прашање, бидејќи на сите ни е кристално јасно дека апсолутен приоритет во оваа ситуација е здравјето на нашите граѓани, а не политичките или партиски интереси. И се разбира за тоа треба да има комплетен консензус. Не треба да се брза со таа одлука, меѓутоа ситуацијата објективно и околу нас и кај нас се усложнува во делот на ентузијазмот луѓето да гласаат, рече Пендаровски.