Се уште актуелниот претседател, Стево Пендаровски со подигната рака во знак на поздрав, мина пред седиштето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Градско и фотографијата ја објави на својот официјален профил на Фејсбук.

– Почит и поздрав до сите! За мене делби не постојат, објави Пендаровски.

Од фотографијата се гледа дека неколку луѓе на терасата од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се одушевени од поздравот на Пендаровски, а на балконот стои транспарент „време е за искрено и чесно“.

(Д. Г.)