Пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д се во собраниска процедура, но покренаа низа реакции во јавноста. Под пристисок на здруженијата на археологија, повлечени се измените на Законот за заштита на културното наследство, но останаа уште осум предлог закони кои треба да добијат поддршка од пратениците.

Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе чека да ги види финалните верзии на законските решенија пред да одлучи дали ќе ги потпише нивните укази. Според него, во сегашните верзии на законите има спорни одредби.

-Додека не ја видам конечната верзија на законите не можам да размислувам за вето. Морам да ви кажам дека последниве денови имав прилика да видам дел од тие предлози на закони, беа девет, едниот го повлекоа. Овие осум, дел од нив во некои одредби се спорни, изјави вчера Пендаровски за централниот дневник на телевизија „Сител“.

Presidenti i shtetit Stevo Pendarovski sonte deklaroi se nuk ka kontakte me presidentin bullgar Rumen Radev dhe se herën e fundit e ka parë vitin e kaluar në mini Samitin për energji në Sofje

Најспорно, според него, е барањето во измените на Законот за работни односи за 60-часовна работна недела ако се има предвид одлуката на Уставниот суд донесена минатата година.

– Ме чуди затоа што Уставниот суд има донесено одлука пред неколку месеци во која вели дека „работна недела подолга од 40“, по исклучоци може само осум часа да работиш, е неуставна. И сега тоа да го ставиш повторно во закон за кој знаеш дека е сигурно неуставен односно одредбата е неуставна и за тоа ако не го исполниш да платиш педесетина милиони евра, тоа е прилично неодговорно, вели Пендаровски.

Предлог-измените во Законот за работни односи со кои се дава можност за подолга работна недела и недела работен ден за градежните работници кои ќе работат на проекти од стратешки и национален интерес, се спорни и за пратениците од опозицијата кои на вчерашната дебата во Комисијата за труд и социјална политика побараа јавна дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

Од Владата појаснуваат дека опцијата за подолга работна недела и недела работен ден се однесува само на проекти од стратешки и национален интерес и дека ќе се бара писмена согласност од работниците. Интенцијата, велат од Владата, е да се заштитат работниците и работничките права, а притоа да се овозможи имплементација на еден од најважните инфраструктурни проекти во историјата на државата.

Јавното обвинителство итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот, препорака до сите работодавачи таму каде што е можно

– Измените во Законот за работни односи кои се пред Собрание се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес и вклучуваат решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50 проценти повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор, за останатите прекувремени часови. За сето ова, претходно ќе биде обезбедена писмена согласност од самиот работник, велат од Владата.

Оттаму ги демантираа и информациите пласирани од опозицијата дека државата ќе плаќа пенали доколку не се донесе пакетот закони во Собранието.

– Согласно обврските во склучениот договор, изведувачот може да работи во услови во кои важат постоечките одредби од законските решенија врзани со изградбата на Коридор 8 и 10Д, но во тој случај рокот за изведба би бил подолг од пет години. Во овој случај државата ќе има обврска да ги исплаќа трошоците за изградба во дополнителните години градежни работи, што во краен случај, државата и граѓаните ќе ги чини повеќе средства, појаснија од Владата.

Доколку се направат законските измени, како што посочуваат од Владата, изведувачот се обврзува да ги заврши сите градежни работи во рок од четири години и седум месеци.

– Изведувачот, согласно договорот се обврзува на овој рок за изработка, во услови кога државата овозможува делумни измени во неколку закони, меѓу кои и Законот за работни односи, притоа почитувајќи ги постоечките законски решенија и уставното уредување, нагласуваат од Владата.

За измените на Законот за работни односи, кој е еден од осумте закони, ќе се дебатира и денеска во собраниската Комисија за труд и социјална политика.