Во Соединетите држави се следи кинески балон за набљудување кој бил забележан над американскиот воздушен простор, изјави висок претставник на одбраната на 2 февруари.

Официјалниот претставник им рече на новинарите дека Пентагон „верува“ дека станува збор за кинески балон на голема височина кој летал над чувствителни локации за да собира информации.

Едно од местата каде што бил забележан балонот е Монтана, место со една од трите позиции на националните нуклеарни ракетни силоси. Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека Пентагон одлучил да не го соборува балонот поради ризици за луѓето на теренот. Американските власти рекоа дека го покренале ова прашање со нивните кинески колеги преку дипломатски канали.

– Им ја соопштивме сериозноста со која го сфаќаме ова прашање“, рече американски официјален претставник.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се очекува следната недела да отпатува во Кина во посета на која во ноември се договорија Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг. Не е јасно како откривањето на шпионскиот балон може да влијае врз тие планови.

– Шпекулациите и возбудата не се погодни додека не се разјаснат фактите околу шпионскиот балон за кој Соединетите Држави рекоа дека летал над САД“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи на брифинг со новинарите во петокот, додавајќи: „Се надеваме дека двете страни ќе можат да се справат со проблемот мирно и претпазливо“.