Светниколските пензионери и денеска излегоа на протест, со барањето за зголемување на пензиите за 3.500 денари.
Трајче Станојков член на Иницијативниот одбор за протести на пензионерите во Свети Николе вели дека се подготвуваат за утрешниот генерален протест пред Влада во Скопје, со почеток во 11 часот. Посочи дека пензионерите од Свети Николе веќе 47 дена протестираат пред нивното Здружение на пензионери или пак блокираа улици и патишта во Општина Свети Николе.
-Се уште не маткаат дека имаат некои Комисии и оти договараат, преговараат и се усогласуваат и што ти ја знам. Но, ние просто и едноставно рековме дека бараме веднаш во основицата на пензиите да влезат овие 3.500 денари, а после тоа да се усогласуваат и да се најдат други решенија, вели Станојков.
Посочи дека пензионерите од општините Свети Николе и Лозово утре за Скопје ќе заминат со два автобуси, за што помош добиле од Здружението на пензионери на Свети Николе. Повика на масовност на утрешните протести.