Иницијативите одбори на пензионерите од целата држава кои преку протести бараат зголемување на пензиите се собраа во Тетово на координативен состанок. Координацијата следува откако вчера поднесоа и официјално барање до Собранието за измени и дополнувања во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за здравствено осигурување.

Со овие предлози се надеваат дека ќе добијат поддршка од пратениците за нивните барања линеарно зголемување од пет илјади денари и минимална пензија од 18 илјади денари, како и ослободување од партиципација при болничко лекување за лица постари од 62 години кај жените и 64 кај мажите.

– Овој предлог закон до Собрание ќе направиме иницијатива да собереме 20 потписи од пратеници, кои ќе нè поддржат. Прво ќе ги побараме поддршка од сите пратеници, бидејќи бараме јавно да биде гласањето со кревање на рака за да видиме кои пратеници не поддржуваат, кои не нè поддржуваат. Сите викаат дека не поддржуваат. Поддршка имаме голема од ВМРО ДПМНЕ, дел од една албанска партија но сè тоа тоа сакаме да го видиме со кревање на рака, изјави Верче Јанчевска, потпретседателка на Иницијативниот одбор.

Пензионерите велат дека доколку се прифатат предлозите ќе ги прекинат протестите.

– Очекуваме отпор, но како што се ближат изборите очекуваме дека ќе решат некои работи. Со сегашните „пакетчиња“ што сакаат да ги дадат како антикризни мерки, сакам да напоменам дека тоа се наши пари, ги направија така за да се кај најзагрозените. Но ние не сакаме трајно да се реши нашиот проблем, изјави Драган Угриновски, претседател на иницијативниот одбор.

Ова е четврти републички координативен состанок на иницијативите одбори. Се анализираше и досегашната работа односно масовниот протест одржан на 7 ноември и претходни собири низ градовите.

Фото: МИА