Централниот дефанзивец Пепе ја заврши својата турска авантура во Бешикташ, објавија турските медиуми.

Поранешниот играч на Реал Мадрид се согласи со клубот од Истанбул да го прекине договорот. Причината е поврзана со финансиските проблеми на орлите.

Според турските медиуми, во изминативе месеци Пепе плаќал дел од платите на готвачите и луѓето кои се грижат за тревната површина на стадионот.

Во тековната сезона португалскиот интернационалец има 17 натпревари и пет гола.