Голот на Кристијано Роналдо од пенал му донесе минимален успех на Јувентус во градското дерби со Торино.

Иако „биковите“ се жалеа на судењето поради два недосудени пенали во нивна полза, Јуве продолжува со победничката серија и е убедлив лидер на табелата, додека Португалецот повторно се израмни со Кшиштоф Понтек на врвот на листата на стрелците.

– Беше многу тешко, а теренот не беше во добра состојба. Игравме добро, подобро од Торино, и имавме многу шанси. Нашата победа е заслужена. Среќен сум што сум автор на јубилејниот гол број 5.000 за Јуве во Серија „А“, но уште поважно е дека го освоивме натпреварот, изјави Роналдо по мечот.