Виена се смета за една од можните дестинации за одржување евентуален самит на рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, но засега не е донесена одлука, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Путин и Трамп во март, во телефонски разговор, ја разгледаа можноста за состанок и за негова локација, притоа посочувајќи ја Виена.
Песков исто така рече дека „засега нема конкретен договор“ за тоа