Москва не сака ниту да размислува за евентуален судир со Турција во Сирија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не сакаме ниту да размислуваме на таква варијанта… Затоа постојат многу канали за врска меѓу нашите војници, за што веќе сум зборувал, истакна Песков на прес-конференција.

На новинарско прашање дали според Русија не е време Турција да ја напушти Сирија,  претпоставувајќи дека нејзината задача за борба против тероризмот е веќе остварена, Песков додаде дека не може да одговори на тоа прашање, „а тоа можат да го направат само војниците“.