Обвинувањата упатени кон Русија дека извршила воени злосторства во регионот на Харков се лага, која се одвива според истото сценарио како и во Буча, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Украинската полиција претходно соопшти дека повеќе од 440 тела биле пронајдени во масовна гробница во североисточниот град Изјум, кој Украина го врати под своја контрола, како и дека некои жртви се убиени во гранатирање и воздушни напади.