Финската компанија за електрична енергија „Карху Воима“ денеска соопшти дека поднела барање за стечај поради големото поскапување на струјата, со што нивниот бизнис е нерентабилен.

Компанијата наведе дека пред оваа одлука разгледувале различни опции за подобрување на состојбите, меѓу кои и спојување со матичната компанија „КШ Енерџи“, но дека и таквиот потег нема да биде доволен за да се избегне банкрот.

– Со оглед на зголемувањето на цените на енергијата за претстојната зима, условите за продолжување на бизнисот не се можни. Поднесувањето барање за стечај беше неизбежно, рече извршниот директор Оли-Пека Рантала.