Популарниот фестивал во Прилеп, Пивофест годинава ќе се одржи од 14 до 17 јули. Акцентот е ставен на македонската музичка сцена.
Наум Петрески, Миле Кузманоски, Елена Велевска, Елена Петреска, Вера Јанковиќ, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Љубојна, ДНК, Некст Тајм, Лозано, Ареа, Владо Јаневски, Џамбо Агушев, Суперхикс, се дел од имињата кои ќе настапат оваа година.
Но, дел од програмата е и пејачот Ламбе Алабаковски, кој за прв пат по инцидентот во Битола ќе се појави во јавноста.
Алабаковски е предвидено да настапи на 16 јули во Прилеп.