Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на изминатиот ден. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 31 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила девет возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, двајца почетници, како и девет нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство наминување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, тројца возачи за не носење заштитен шлем, 19 возачи за не носење сигурносен појас, како и 15 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Вчера санкционирани биле и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 71 возило непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 68 возила.