Автомобил експлодира на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ додека во непосредна близина се движела министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Информацијата за „А1он“ ја потврди Петровска која што го забелажала настанот.
Прашана дали се сомнева дека е загрозена нејзината безбедност, таа за „А1он“ негираше.
„Се е океј, чиста случајност. Јас одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото. Нема никаква врска со мене и колку што знам нема повредени, возачот на возилото е добар“, вели Петровска за “А1он”.
На терен е испратена и увидна екипа на МВР, а откако е изгаснат пожарот од противпожарната бригада на Скопје.
Претходно МИА објави дека во пожар вечерва целосно изгоре автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица и штета на други возила нема.
Од МВР за МИА информираат дека вечерва во 20.05 часот добиле пријава дека на булевар „Кочо Рацин“, во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје има пожар – гори возило.
Полициски службеници излегле на местото на настанот при што е констатирано дека лицето Т.С. (21), додека го управувал моторното возило „опел астра“, од под хаубата почнало да излегува чад, а потоа за кратко време возилото целосно изгорело.
Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.