Пратеникот Фадиљ Зендели од Беса му постави прашање на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а одговорот го доби од спикерот Талат Џафери.

Зендели преку Фејсбук, пред посетата во Чегране, го праша:

– Едно прашање до г. Ахмети. За 20 години владеење на ДУИ, дали може да наведете еден проект што го имате реализирано на територија на општина Гостивар, а што е важен за граѓаните и Албанците од Гостивар? Нема такви проекти г. Ахмети!?- гласи прашањето од Зендели.

А одговорот му стигна од Џафери:

-А бре, Фадиљ Зендели, пратеник на Беса. Поранешен мој војник во 16 бригада. Не ти е ли јасно дека главен проект на Али Ахмети е центарот на Гостивар, кој беше центар на кражби и наркомани во Гостивар, а денеска не е. Во 2005, бидејќи за одлуките што ги донесе ДУИ, Али Ахмети, спроведени од екс градоначалникот на општината Невзат Бејта, јас не негирам, центарот на Гостивар стана центар на град и градот се претвори во град тогаш. Но, тоа не го направи еден човек, било Невзат Бејта или Талат Џафери, тоа го направи ДУИ, одговори Џафери.