Министерката за одбрана Славјанка Петровска се огласи со реакција по повод одлуката на Турција да го поддржи зачленувањето на Шведска во НАТО.
– Единството во НАТО уште еднаш победи. И Шведска е дел од Алијансата, сега сме 32. Побројни, помоќни, пообединети, објави министерката Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Претходно, како што објавивме, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг објави дека турскиот претседател Таип Ердоган се согласил Турција да го симне ветото за прием на Шведска во Алијансата.