110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито за местениот тендер во Царина од 18 милиони денари. Џемо од Прилеп, сивата еминенција на СДС, договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание кон Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти, истакна денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-18 милионскиот тендер за хигиена наменет за блиска фирма на Џемо, Богац го овозможил. Но, прашањето коешто треба да го одговори Богоев е колку пари требал да добие како награда за завршената работа? Дали е точно дека му биле ветени 10 проценти од тендерот, односно 1,8 милиони денари? Дополнително, дали е точна информацијата добиена од свиркачи дека ова не е последниот наместен тендер во Царина под раководство на Богоев?
Децата на СДС си го покажаа вистинското лице. Иднината на Заев го падна првиот тест. Со вакви кадри СДС треба да се распушти, а не да води политики.
Одговорност за криминалите на СДС мора да има, порача Петрушевски.




