Како што веќе укажавме дека појавувањето на Зоран Заев на Бихаќка по повод роденденот на СДС е потврда дека тој е газда, сега можеме да слушнеме, видиме од настапите на слугата Венко Филипче како постапува по насоки од Заев, посочи пратеникот Бране Петрушевски.
-Сега проритет на агендата на Филипче како да е кочењето на интеграциите на Македонија за да врват бизнисите на Заев.
Филипче и раководството на СДС кое тој го предложи, а е по мерак на Заев, сега ги блокираат законите кои се важни во делот на европската агенда или интеграцијата на Македонија во ЕУ.
Деновиве слушавме како најавува блокирање на работни тела во Собранието ако не било како што тој сака. Освен бојкот, Филипче поставува услови за носење закони и слично.
Практично, Филипче негодува со закони и законски измени, како оној за укинување на техничката влада, поставува услови за измените на законот со кој пратениците мора да имаат само македонско државјанство и слично. Ова се само мал дел од реформските закони иницирани од владејачкото мнозинство и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче исто како кога го бираше раководството на СДС по насоки на Заев, сега работи очигледно по насоките на Заев или партијата ја води кон целосен распад.
Се додека Филипче го избира минатото и работи по насоки на Заев, ниту за него, ниту за партијата, уште помалку ќе биде добро за граѓаните и државата. Затоа Филипче мора да расчисти со Заев и неговите криминални политики, потенцира Петрушевски.




