Околу 500 верници, најголем дел наши иселеници во Словенија скокнаа по светиот крст во Копер. Како што јави дописникот на МИА од Словенија, меѓу верниците кои влегоа во студентите води на Јадранското Море имаше и три жени.

Граѓаните најпрво се собраа во и пред храмот „Богојавление Водици” каде што се одржа света литургија по повод големиот христијански празник. Литургијата беше проследена со Литија, од храмот до морето.

Самиот чин на спуштање на крстот во вода се одржа на најголемата градска плажа во Копер, а го фати триесет годишниот Стефан. Среќниот Стефан доби честитки и од амбасадорката на Северна Македонија во Словенија Сузана Зеленковска, која дојде во Копер да го проследи одбележувањето на христијанскиот празник.

Празнувањето на Водици беше организирано од повеќе здруженија на Македонците во Словенија и црковната општина при МПЦ, а секоја година расте бројот на верниците. Интересно е што покрај Македонците, по светиот крст во вода влегоа и повеќе православни верници од Србија и Црна Гора.