Изминатите денови, Оливер Спасовски штанцаше стотици и стотици решенија, само во Скопје 500-тини, а за Македонија бројката секако надмиинува над 1000, за прераспоредување на сите оние во МВР кои не се по кеифот на СДСМ, односно кои можат да бидат сведоци и евентуално да попречат реализиција на нивната идеја за тоа како треба да се одвиваат изборите во април, потоа справувањето со криминалот, од тој уличниот, тој со дрогата, па се до оној т.н. во „бели крагњи“. Станува збор за обучени професионалци, кои се распоредени во полициски станици каде што тие практично немаат што да работат, гледано од аспект на состојбите за кои биле обучувани. На пример во Драчево и слични места.

Истовремено, многу од тие специјалци кои досега работеле во цивилна или маскирна облека, сега добиле класични полициски униформи, со што добиваат статус, народски кажано, на позорникари, кои на пролет наместо со криминалот на изборите, ќе треба да се занимаваат со тоа дали некое дете украло цреши од туѓ двор.

Тоа што во овие денови го направи Спасовски, всушност е класичен упад, класично минирање на позицијата на новиот министер за внатрешни работи. Се разбира, сето тоа може да се исправи на ист начин. Решенијата, така како што се издадени, можат да се заменат со нови. Зашто спротивното, ќе се добие само формална контрола на ВМРО-ДПМНЕ врз МВР, а со тоа и неможност да се спречи изборниот криминал, како една од клучните алатки на кои СДСМ се надева.

Кон сето ова е и моментот со тотално албанизирање на МВР по што заменикот Нухиу на ФБ всушност го оцрта границите по кои ќе се одвива поделбата на „Северна Македонија“, со тоа што, ако порано Скопје беше проблематично за поделба, сега Оливер Спасовски и СДСМ со овие решенија ја исцртаа и линијата во главниот град. Ова албанизирање на МВР поцртано со етничките состаноци во МВР кои Нухиу ги одржувал е прилично блиску до акт на уште едно велепредавство на Македонија.

Тоа нормално, не е доволно за целиот процес, туку напротив, сета партизација што е извршена во овие три години, едноставно треба да биде елиминирана. И тука нема многу филозофија.