Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска се пожали дека не умеел да пишува додворувачки постови, па на бившиот премиер Зоран Заев му напиша недодворувачки пост на Фејсбук:

– Тие што ме познаваат добро, знаат колку не сакам вакви „додворувачки” постови. Но, ова е посилно од мене… Ти ги пишувам овие зборови не како твој партиски и владин другар, туку како родител. Ти благодарам што моите деца денес живеат во просперитетна земја, членка на НАТО. Не’ донесе и пред самата порта на ЕУ. Се гледаме во твојов премиерски кабинет на 13 април, напиша заменик-министерот кој не умее да пишува додворувачки постови.

Извесно е дека 13 април доаѓа по четири месеци, а во каков кабинет ќе се сретнат „другарите Жерновски и Заев“ е многу неизвесно.