Зачувувањето на националното единство и сплотеноста во услови на непријателство и надворешен притисок е најважната порака на врховниот лидер на Исламската Република Иран, Моџтаба Хаменеи, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкиан.
Во изјавата што ја пренесуваат иранските медиуми, Пезешкиан посочува дека за време на неговата неодамнешна средба со врховниот лидер што траела седум часа разговарале за главните предизвици со кои се соочува Иран во областа на внатрешната и надворешната политика.
Меѓу темите биле животниот стандард во земјата, прашањата поврзани со вработувањето и станбената политика, како и проблемите предизвикани од воведените санкции.
„Најважната препорака на врховниот лидер беше да го зачуваме единството и сплотеноста“, истакна иранскиот претседател воочи средбата со партиски лидери и политичари, одржана во зградата на Министерството за внатрешни работи на Иран.
Пезешкиан изјави дека врховниот лидер бил во одлична здравствена состојба за време на средбата и го пренесе неговиот став дека противниците на Иран се обидуваат да го разединат иранскиот народ.
„Токму затоа потребата од национално единство е уште поголема“, рече Пезешкиан.




