Екипата на Башкими го совлада Скопје на гостински терен со 2:1 и го освои првите три бода во првенството и ја продолжи низата на гостински победи во ова коло.
Башкими поведе во 30-тата минута. Гостите изведоа брз напад и по асистенцијата на Рибеиро, младиот напаѓач Рашид го постигна својот дебитантски гол за кумановскиот тим. Тимот од Куманово во вториот дел го зголеми водството со голот на капитенот Адис Мурати 62.минута.
Во 69-тата минута, Лимани неправилно го запре Николовски во шеснаесетникот, а судијата Идризи покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Али Адем, постигнувајќи го својот прв гол во дресот на Скопје за конечни 1:2.
На првите дуела од 6.коло одиграни вчера: Шкендија Тетово – Тиквеш 1:3 и Брегалница Штип – Шкендија Арачиново 0:1.
Во понеделник се играат дуелите: Струга ТЛ – Силекс и Вардар – Арсими. (МИА)




