Шефали Соод одлучила да ја промени навиката за пиење вода за да види какви последици ќе ги има врз нејзиниот живот. Десет дена пиела четири и пол литри вода на ден.
Според експертите, едно лице треба да пие еден литар вода на секои 15 килограми тежина, што за Шефали значело дека мора да пие 4,3 литри, а таа одлучила да пие околу 4,5. Многу брзо почнала да чувствува позитивни последици за своето здравје.
Таа вели дека се чувствувала многу полесно и покрај тоа што јадела многу повеќе отколку порано. Шефали, исто така, вели дека го почувствувала нејзиното тело многу поактивно и имала повеќе енергија.
–Мојата урина беше многу бистра, но морав да одам во тоалет секој час, особено наутро, вели таа. Она што ја изненадило било зголемувањето на сексуалната желба.
-Не сум сигурна дали тоа е поради постојаната потреба од мокрење што создаде притисок врз моите гениталии или поради повеќе енергија, но таму почувствував голема промена, вели Шефали.
Покрај тоа, нејзината кожа станала подобра, а варењето се забрзало,ѓто влијаело на нејзиниот изглед.