Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, додека попладне повторно ќе биде нестабилно облачно со локален дожд и грмежи и со засилен ветер.

Наместа повторно ќе има услови за локална појава на невреме со засилен ветер и со појава на град.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 22 до 31 степен.

Во Скопје ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и со грмежи, а не е исклучена и појава на ситен град. Температурата ќе достигне до 26 степени.