Поранешниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека со доаѓањето на Кристијано Роналдо може да се очекува клубот од Торино конечно да дојде до трофејот од Лигата на шампионите.

– Среќен сум поради тоа што Роналдо дојде во Јувентус. Купувањето на таков играч автоматски не носи титула, но секако ве приближува до целта. Тој е играчот кој на Јувентус може да му го донесе трофејот. Станува збор за врвен фудбалер, истакна Пирло.

Во 2015 година Андреа Пирло со Јувентус стигна до финалето на Лигата на шампионите, но претпеа пораз од Барселона.