Поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло може да го преземе кормилото на португалскиот клуб Бенфика, објави „Calciomercato.it“.

Бенфика е заинтересирана за 42-годишниот италијански фудбалски стручњак. Претседателот на клубот Руи Коста разгледува неколку кандидати.

Актуелниот стручњак на Бенфика, Хорхе Жесус, наскоро може да го напушти тимот. За потсетување, тимот под негово водство стигна до осминафиналето од Лигата на шампионите.

Пирло се повлече од функцијата тренер на Јувентус во мај 2021 година.