Денеска вработените во Министерството за финансии излегоа на протест, поради тоа што не го добиле покачувањето на плата од 30 отсто.

Порталот МКД пишува дека во пресрет на првото рочиште пред Основниот граѓански суд Скопје, по тужбата на ССМ против државата, односно Владата за дискриминацијата и неусогласување на платите во јавниот сектор согласно Закон, закажано за утре во 10 часот, Синдикатот соопштува дека „судот може да стави крај на самоволието на министерот”.

– Министерот Бесими со бришење на одредбата за зголемување на плата што самиот ја донесе и ја бранеше, свесно прави кривично дело по член 166 од Кривичниот законик поради тоа што тој свесно не се придржува кон Закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа“, велат од ССМ во соопштение.

Бесими, според ССМ, е главната причина поради која 138 000 работници во јавниот сектор заедно со ССМ започнаа генерален штрајк во јавниот сектор токму поради лошите политики и тоа што работници не го добија услогласување на нивните плати кое им следува согласно Закон.

ССМ прашува „дали Бесими треба да раководи со Министерството за финансии”, особено ако, како што потенцира, пред два дена на јавен настан на Владата го бранеше зголемување на платите за да го задржи кадарот во министерството. Со вчерашните случувања, посочува Синдикатот, веројатно истиот тој кадар не му е потребен, што произлегува дека брка од работа повеќе од 650 вработени во Министерството за финансии и на своја рака прави упад во правниот поредок на државата и пременување на законите.

„Шест месеци укажуваме дека односот на одредени владини функционери е недостоен и недостоинствен кон работниците, а Владата како награда кон таквите министри дополнително им дава надлежности кои се спротивни на Закон и меѓународни документи како оние надлежности кои му ги даде на министерот за финансии Бесими да не дозволува потпишување на ниту еден колективен договор, а токму поради непотпишување на колективните договори сме доведени во состојба Бесими мислењето да го менува од денес за утре, што произлегува дека кој што сака и како сака прави во Владата, а Владата потоа го спасува во услови кога ќе произлезе проблем од таквото однесување“, пишува во соопштението.

Целиот текст може да го прочитате во ТУКА.