Неколку стотици Ирачани заглавени на границите меѓу Белорусија и Полска решија да се вратат дома. По речиси две седмици живот во меѓуграничниот простор тие не добија азил за влез во ЕУ, објавува РТ.
Преку лет организиран од ирачките дипломати околу 300 мигранти ќе се вратат дома во Ирак поради тоа што изгубиле трпение чекајќи нивните барања за азил да бидат одобрени од европските власти.
Голем број од Ирачаните пристигнаа во Минск со летови преку трети држави откако директните летови од Ирак до Белорусија беа прекинати во Август.
Мнозинството од мигрантите долетуваат преку Турција, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Египет.
На 8 ноември илјадници мигранти од Блискиот Исток пешки и натоварени пристигнаа на границата меѓу Белорусија и Полска со надеж дека ќе добијат азил и ќе продолжат да живеат во државите од ЕУ. По пристигнувањето на границата полските гранични стражари одбија да ги примат.
Поради тоа мигрантите поставија камп до границата, и од време-на време пробуваа насилно да преминат од другата страна.