Хрватската полиција е способна сама да ги конттолира своите граници и не и треба дополнителна помош од Европската агенција за гранична контола – Фонтекс, изјави синоќа во Салцбург, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

– Нашата соработка со Фронтекс е одлична. Нивниот авион од Задар го контролира целиот простор на југоистикот на Европа. Што се однесува до силите на Фронтекс што треба да одат на југоситокот на Европа, ние мислиме дека тие треба да се распоредат на оние надворешни граници каде има поглема пропустливост (на мигранти), изјави Пленковиќ, кој во Слацбург учествува на Самитот на ЕУ.

Европската комисија предложи план со кој се предвидува засилување на контолата на надворешните граници на ЕУ со распоредување на дополнителен број припадници на Фронтекс.

Меѓутоа, според Пленковиќ, на Хрватска не и е потребна дополнителна помош од Фронтекс, па предлага припадниците на Агенцијата „да ги зајакнат оние земји каде пропостливоста е поголема“.

Хрватска има надворешни граници на ЕУ кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.