Формулата на премиерот Зоран Заев 3-6-9 плус 18 заринка во Брисел откако европските министри за надворешни работи не и дадоа на Македонија зелено светло за отворање преговори за членство. Договорот со Грција за името, кој кај мнозинствотото македонски граѓани се смета за капитулантски, сепак не беше клучот за да се отворат вратите на ЕУ за Македонија.

Во моментов Македонја добива само условен почеток на преговори некаде во 2019 година, но од група од 25 земји-членки. Сепак три стари членки на ЕУ не се ни за давање условена надеж – тоа се Франција, Холандија и Данска.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров неодамна беше во Холандија и се обиде со „патлиџан дипломатија“ да ги придобие Холанаѓаните, но без успех. Иако Долниот дом се согласува за отворање на поглавјата, сепак владата на Марк Руте е многу скептична, што заради македонската незавршена домашна задача, што заради тамошни проблеми. За нив клучни прашања се Брегзитот и можните економски последици, миграцијата и порастот на десницата, како и можен референдум во Холандија за излез од ЕУ.

Емануел Макрон, пак, има многу тежок и принципиелен план со кој вратите за Македонија и за Балканот можат уште долго да останат затворени. Тој првин сака да се рефромира ЕУ, па дури потоа да се отвори прашањето за прошпирувањето. Притоа се потсетува на избрзаната одлука за Романија и за Бугарија. Не треба да се заборави дека и Макрон има проблеми со крајната десница и дека Марин ле Пен си ја чека својата шанса. Така Макрон пред се ќе ја спасува Франција и европскиот проект, отколку да и даде шанса на Македонија.

А, утре може Австрија да го постави прашањето со Турција, па целиот процес да добие уште позамрсен тек.

Дали во македонската влада очкувала ваква шлаканица? Па, и НАТО кажа дека првин мора да има успешен референдум и ратификација па после да се разговара за членство. Дали ова сценарио не било земено предвид? Зошто се брзаше со договорот и зошто тој беше направен на огромна штета за Македонија?

Дел од овие прашања можа да се најдат и во интервју што министерот Никола Димитров ги даде за холандски Телеграф. Тој таму вели дека ако Македонија го реши проблемот со името со Грција и продолжи како Северна Македонија, Европската комисија не гледа пречки да почне преговори со балканската земја за членство во ЕУ. Да, меѓутоа европските лидери гледаат пречки, и ова не е прв пат да има ваква ситуација. Тој иако има добри врски со холандските политичари, сепак не беше доволен само неговиот шарм за Холандија да се премисли.

Новинарот на Телеграф поставува логично прашање, кога вели ќе имате референдум за името на кој се знае дека граѓаните ќе го отфрлат името „Северна Македонија“.

Димитров како добра ја продава македонската приказна, со акцент дека е надмината политичката криза, дека сега има слобода на печатот, дека правиме добар напредок во подобрување на владеењето на правото и напредок во борбата со организраниот криминал и корупцијата. Но, новинарот веднаш забележува дека има многу забелешки за транспарентноста на именувањата и за бизнис климата. Тоа значи клучни реформи практично нема. Испаѓа дека владата на Заев се обидува со жртвување на името и на националниот идентитет да се протне во ЕУ, но, ете, кај некои влијателни земји и тоа не поминува.

Дури кај новинарот на Телеграф има впечаток дека Македонија сака набрзина да влезе во ЕУ заради геополитката, односно заради Русите, што ќе рече и таа карта ни е прочитана.

Сега Заев и неговата влада ќе мораат уште многу да пливаат, оти испадна дека е далеку ЕУ. Но, ете, како што кажа Јенс Столтнеберг и НАТО не ни е многу поблиску.