Децата цртаа, сликаа и се дружеа на дводневната ликовна колонија во некои од работилниците за: свеќи, мозаик, икона и работа со тесто (просфора) во Марков манастир.

Базарот на рачно изработени производи се одржа викендов (11 и 12 мај) во дворот на Марковиот манастир – „Свети Димитриј“.

Во рамки на дводневниот базар насловен „Ајде да се дружиме”, што го организира здружението на граѓани „Марков манастир 1345”, беше предвидена детска ликовна колонија и работилница за деца кои ќе се едуцираат за изработка на икони, работа со тесто, декутаж техника.