Фудбалерите на Силекс дојдоа до важна победа над Вардар (6-0), а на овој натпревар кратовчани ја забележаа највисоката победа во меѓусебните пресметки во историјата со „црвено-црните“. Пред неколку кола Шкендија славеше со 1-6 во Скопје, сега Силекс му сервира „шестка“ на Вардар, а она што се случува на теренот потсетува на црната 2011 година, кога клубот испадна од лигата, ама успеа да се спаси по административен пат.

По натпреварот, тренерот на Силекс не го криеше задоволството од играта на неговиот тим, но потенцира дека иако е поранешен играч на Вардар, во спортот нема место за сентименталност.