Тоа што до пред две децении се чинеше незамисливо се случи: Точно по 21 година од бомбардирањето на НАТО и потпишувањето на Кумановскиот договор, српската војска влезе на Косово, пишува српска Република.рс.
Тоа, како што се додава, предизвика огромен револт кај властите во Приштина кои се заканија дека соодветно ќе реагираат. Српската војска заедно со КФОР патролираат долж административната линија.
Конкретно, српската војска е стационирана во околината на Каменица каде што живее српско малцинство кое со радост ја дочекаа.