Ибупрофенот може да биде опасен за срцето по 40-тата година од животот, предупредуваат  лекари.
Денес многумина користат ибупрофен. Главоболка, забоболка, болки во грбот и слично се само некои од причините поради кои луѓето го користат тој лек.

Лекарите се оние кои постојано ги насочуваат своите пациенти да користат се повеќе и повеќе таблети, но болката не исчезнува. Барем не за постојано.

По одреден временски период, се будиме со истата главоболка или иста болка во вратот. Друга лоша работа е што ако го употребувате лекот подолг временски период, тоа може да биде штетно по здравјето. По 40-тата година, овој лек може да биде опасен за вашето срце, стои на веб-страницата на Универзитетот Харвард.

Само размислување за тоа е страшно. Затоа ќе ви претставиме алтернатива која може да ви помогне да го решите вашиот проблем и што е најдобро, состојките се природни!

Куркумата ви нуди побезбеден и поприроден начин за ублажување на болката. Оваа билка има лековити својства за скриена и многу изразена болка. Куркумата е главен дел од азиската медицина и веќе им се препорачува на пациентите наназад илјадници години.

Може да се најде и како растение, но може да ја најдете и во форма на прашок. Куркумата е позната дека може да помогне во повеќе од 600 здравствени проблеми!

Измешајте една лажица куркума во прав, една чашка мед и еден исцеден лимон во чаша. Промешајте ја комбинација со дрвена лажица.

Додајте лажичка од оваа мешавина во чаша топла вода или чај и пијте го овој коктел три пати на ден, а резултатите ќе се појават во рекордно време.

После тоа ќе можете да го исфрлите ибупрофенот!